Светските медиуми ги преплави веста дека Бијонсе е повторно бремена со четврто дете.
Шпекулациите почнаа откако пејачката на еден од своите последни настапи се појави во фустан во кој се гледаше заоблениот стомак.
Таа го погали стомакот на сцената, и ова беше доволно да почнат шпекулациите дека е повторно бремена, а снимката веднаш се сподели на социјалните мрежи.
Бројни портали веднаш го пренесоа тоа, меѓутоа Бијонсе и Џеј Зи досега не се огласија за веста. Пејачката лани летото се породи со третото дете.