Ќерката на Дејвид и Викторија Бекам пораснa и денес наполни седум години.
За да го одбележи овој специјален ден, поранешниот фудбалер сподели неколку фотографии со неговата, како вели, мала принцеза.
„Што можам да кажам за мојата мала принцеза, освен дека е совршена на секој можен начин. Харпер Севен наполни седум години. Среќен роденден на мојата голема девојка. Ова малечко девојче е премногу сакано од нејзините браќа, мајка и татко. Специјална мала девојка која прави да се смеам секој ден“ – напиша Дејвид Бекам.