Пејачката Нивес Целзиус (36) уште еднаш покажа колку е голем фан на хрватската фудбалска репрезентација. На социјалните мрежи објави порака со фотографија што му ја посветила на англискиот репрезентативец Рубен Лофтус Чик (22).
„Драг Рубен, ти си како кукла. Толку си сладок што, едноставно, е прекрасно да се гледа Англија не само поради фудбалот туку и поради секој кадар во кој ти ќе влезеш. Прекрасен си додека се смееш и си една од причините поради кои ние девојките навиваме за Англија. Но, жал ми е. Не сакаме да се смееш на следниот меч“, му порача Целзиус и додала дека Хрватска е мала нација со најубавите природни жени на светот зад кои не заостануваат ниту мажите. Го има најубавото море, реки, планини и прекрасна природа, која не ја ценат толку колку што треба затоа што многумина само размислуваат за тоа како да платат сметки.
Сепак, постојат ретки моменти кога сме среќни, кога не е важно дали сметките ни се платени или дали сме болни или, пак, кога ни се чини дека само небото ни е граница. А тоа е кога игра хрватската репрезентација. Затоа, драги мои Британци, Хрватска треба да биде шампион на светот затоа што тоа го имаме заслужено. Прости Рубен, но сигурно си сладок и кога плачеш. А за утеха, дојди на нашиот прекрасен брег, ќе бидеме совршени домаќини“, му порачала Нивес на фудбалерот на „Челси“ и англиската репрезентација.
Со пораката Нивес ставила и своја фотографија со бујно црвено деколте, а на градите напишала CRO за да не дојде до забуна за кого навива. Нејзиниот пост за неколку часа собра речиси десет илјади лајка, а разголената фотографија на Нивес со бујните гради предизвика и коментари од типот: „Ти си кралица“, „Една е Нивес“ и „Многумина би сакале да бидат како тебе“.