Во текот на вчерашниот концерт на светската музичка ѕвезда Бруно Марс во Глазгов се запалила сцената, потврди неговиот портпарол. Во текот на настапот дошло до мал инцидент откако почнале да горат неколку рефлектори, па концертот бил прекинат на кратко. Пејачот и музичарите слегле од бината, а на видео бимовите било испишано соопштение: „Известување. Мора да го прекинеме концертот заради безбедносни мерки. Повеќе информации наскоро“.
Пет минути потоа Марс се вратил на сцената и запеал „Ја запаливме сцената во Глазгов“ и додал дека со брза реакција на екипата пожарот е изгаснат, а концертот продолжил.
Firework finish for @BrunoMars here in Glasgow. Incredible show. #BrunoMars pic.twitter.com/4qErSV1z7X
— Connor Gillies (@ConnorGillies) July 10, 2018