Овен
Ако не бидете внимателни можно е да имате проблеми во комуникацијата денес, без разлика дали ќе кажете премногу или премалку, или пак погрешните зборови на погрешни лица. Сакате да откриете некоја голема тајна, но не се баш сигурни. Можеби добивате премногу информации од некој за кого не сте сигурни како да го прашате да престане да ги издава своите тајни.
Бик
Пред вас е многу интересен ден кој ќе биде исполнет со неограничени можности. Бидете слободоумни и ускладете се со природниот тек на енергијата. Слободно прифатете ги поканите на вашите пријатели за некаква забава или дружење. Расположени сте и сакате да комуницирате со другите.
Близнаци
Денес е одличен ден за да експериментирате со вашето однесување и вашиот став кон животот и луѓето. Испробајте се во некои нови активности или запознавајте нови личности. Сето тоа ќе ви помогне подобро да се разберете самите себе и да надминете некои стари и истрошени емоционални шаблони.
Рак
Иако можеби не се согласувате доволно со некој со голем авторитет, вие сте одлични на работа и се однесувате супер со вашите колеги. Земете некој од нив да ви помага за некој голем проект, ќе бидете задоволни од исходот. Вечерва соберете го вашето друштво и организирајте голема забава. Колку повеќе – толку подобро!
Лав
Денес вашиот ум е целосно отворен и во полн капацитет. Насочете се кон решавање на финансиските и другите важни прашања, затоа што ќе можете да сметате на вашата луцидност и интуиција. Бидете самоуверени и слушајте го внатрешното водство во изборите. Голема е веројатноста дека ќе успеете да превртите некоја ситуација во ваша корист.
Девица
Денес е убав, забавен и општествено исполнет ден. Ќе бидете постојано во движење и ќе се појавуваат различни можности за напредок. Ако имате некакви ангажмани во групни активности, избегнувајте волонтирање. Не прифаќајте важни сугестии ни во однос на работата ни во приватноста.
Вага
Шефовите, родителите или другите луѓе ќе ви приредат нешто што не го очекувавте. Бидете со отворен став за различни сугестии и предлози. Како резултат на сето тоа, можно е да го пренасочите животот во сосема друга насока.
Скорпија
Вашата толеранција е сведена на нула – кажувате точно што мислите. Во исто време, вашата желба за да ги смирите сите оние кои се расправаат е се поголема. Можеби не сте најдобро друштво во моментов, но сите кои ве познаваат знаат точно до каде е нивниот однос со вас.
Стрелец
Денот ќе ви биде доста интересен, ќе се дружите со интересни луѓе. Сепак, не се изненадувајте ако вашето расположение од одлично се преобличи во одбранбена борба. Некои велат дека сте малку напорни, но вие знаете што функционира за вас, а што не. Останете смирени.
Јарец
Со леснотија ќе комуницирате, ќе се дружите и ќе се договарате со саканото лице за сите важни прашања. Ако излезете навечер, ќе запознаете интересни луѓе, а симпатијата на прв поглед ќе биде заемна. Одете на некој концерт, во диско или во кино.
Водолија
Ниту еден денешен план нема цврста основа, па не надевајте се на идеален резултат. Имате променливо расположение, посуетни сте од обично. На околината не ѝ е лесно со вас. Алармантно е тоа што самите себеси сте си најголем непријател.
Риби
Немојте да ги повторувате грешките од минатото, особено не оние љубовните. Доколку порано сте се изгореле, а се однесувате слично, внимавајте бидејќи може да биде многу полошо и поболно. Ова предупредување се однесува и на другите животни полиња. Препорачливо ви е да одвоите малку време од денот и за рекреација.