Здравјето на мозокот зависи од многу фактори, а во нив спаѓаат и здравјето на органите за варење (цревната микрофлора), добро снабдување на клетките на мозокот со енергија, користење супстанции што имаат заштитно дејство на мозокот. Со примена на неколку природни средства може да се подобри делувањето на овие фактори, а со тоа да се влијае превентивно на Паркинсоновата болест.
Кофеин. Кофеинот што го има во чајот и кафето не мора да е нездрава навика, особено ако се земе предвид превенцијата на Паркинсовата болест. И црниот и зелениот и белиот чај содржат заштитни компоненти познати како катехини. Според истражувањето објавено во списанието American Journal of Epidemiology, две шолји чај дневно може да го намалат ризикот од Паркинсонова болест. И обичното кафе го има истиот заштитен ефект.
Коензим Q10. Коензимот Q10 го забавува напредувањето на мозочните заболувања, меѓу кои и Паркинсоновата болест. Во едно истражување, објавено во списанието Archives of Neurology, истражувачите утврдиле дека земањето суплементи Q10 го намалува опаѓањето на функциите на мозокот поврзано со Паркинсоновата болест за 44%, под услов да се примени доволно рано. Во ова истражување, земани се дози се дози на суплементи 10 од 300 мг, 600 мг и 1200 мг, a резултатите биле најдобри кај оние кои земале најголеми дози.
Гастродин. Супстанцијата по име гастродин, која се добива од кинеската орхидеја, во повеќе проучувања покажала ефикасност против Паркинсонова болест. Кинеската орхидеја е традиционален лек во кинеската медицина, а гастродинот во облик на капсули може да се набави на странскиот пазар.
Витамин Б3. Овој облик на витаминот Б ги зачува мозочните клетки, објавено е во медицинското списание Cell Reports. Тој го подобрува функционирањето на енергетските центри во мозокот и во внатрешноста на самите клетки на нервниот систем. Типично дозирање е помеѓу 2 и 17 грама дневно, а може да го користат и тие кои веќе заболеле од Паркинсонова болест.
Пробиотици. Неодамнешно проучување објавено во списанието Clinical Nutrition покажало дека редовното земање пробиотици ги намалило маркерите за штетните показатели за Паркинсонова болест, а го зголемило присуството на корисни супстанции во организмот и донекаде ја ублажило општата состојба кај заболените. Истражувачите велат дека е потребно дополнително истражување за да се утврди точно кои видови пробиотици се најдобри, но за почеток можат да се користат суплементи кои во себе содржат повеќе различни видови пробиотици.