Ако наутро ви се појавуваат темни подочници околу очите, постои трик со кој можете да ги намалите. Понекогаш не мора да користите скапа козметика за да ги скриете.
Прво ставете мраз. Ладното помага да ја намалите отеченоста и црвенилото околу очите и ги намалува подочниците. Земете неколку коцки мраз, завиткајте ги во шамивче и ставете го мразот под очите. Држете го на лицето десет минути, а потоа со прстите нежно масирајте го подрачјето под очите за да поттикнете подобра циркулација.
Вториот чекор е да ставите крема или серум под очите, а дури потоа да ставите коректор. На крај преку целото лице ставете пудра и изедначете го тенот. На овој начин целосно ќе ги маскирате подочниците.