Цеца остана без својот домашен миленик

Фолк-ѕвездата Светлана (Цеца) Ражнатовиќ преку својот „Инстаграм“ објави тажна вест за кучето Вито, кое починало.

Цеца објави негова фотографија заедно со потресна порака со која ги известила своите фанови за загубата.

Кучето на Ражнатовиќ било едно од неколкуте нивни домашни миленици. Тие ги гледале како членови на семејството.

„Збогум мил и најубав Вито“, напишала Цеца со фотографијата.

„Почина од рак на белите дробови. Имаше само шест години и направивме сѐ за да го спасиме. Ништо не помогна. Само почна нагло да слабее. Тагата не се опишува“, објаснила Цеца.

 

Scroll to Top