Не прекинува соседското расправање по пласманот на Хрватите во финалето на мундијалот во Русија.
Откако многумина јавно се огласија по повод некои од немилите сцени, како пеењето агресорски песни во соблекувалните, на „Твитер“ се јави и Јелена Карлеуша.
Zbog podrske naroda u Srbiji, Novaka, zdrave pameti i ljudskosti, nadam se da reprezentativci Hrvatske vise nece pevati pesmu u kojoj se pominje ubijanje Srba. Dosta je bilo primitivizma, mrznje i ružne proslosti. Sport je sport. Naši sportisti su po tom pitanju UZOR SVIMA.
— JELENA KARLEUŠA (@karleusastar) 13 July 2018
„Поради поддршката на народот во Србија, Новак, здравиот памет и човечноста, се надевам дека репрезентативците во Хрватска повеќе нема да пеат песни во кои ќе се споменува убивањето на Србите. Доста беше примитивизам, омраза и грозно минато. Спортот е спорт. Нашите спортисти по тоа прашање се пример за сите“, напишала Карлеуша.