Глумецот и некогашен гувенер на Калифорнија, Арнолд Шварценегер, изјавил дека американскиот претседател Доналд Трамп на заедничката конференција за новинари со рускиот лидер Владимир Путин изгледал како ронлива тестенина.
„Претседателе, само што ја гледав вашата конференција за новинари со претседателот Путин. Беше непријатно. Стоевте таму како ронлива тестенина, како негов обожавател. Се прашував дали ќе побарате од него автограм или ќе направите селфи“, изјавил Шварценегер преку видеообраќањето на „Твитер“.
President @realDonaldTrump, remember, America first. pic.twitter.com/JDEm2rR50G
— Arnold (@Schwarzenegger) 16 July 2018
Тој навел дека Трамп ги предал американската известувачка служба и системот на правосудство, но и целата земја.
„Вие сте претседател на САД, не би требало да правите такви работи. Што е со вас? Што се случи со силните зборови на Роналд Реган кој стоел пред Берлинскиот ѕид и побарал од Горбачов да го сруши?“, прашал Шварценегер.
На крајот, актерот длабоко воздивнал.