Фотографиите од финалето на мундијалот на кои претседателите на Хрватска и Франција, Колинда Грабар Китаровиќ и Емануел Макрон, се радуваат, прославуваат, се гушкаат и држат за рака и понатаму се хит на социјалните мрежи.
На „Фејсбук“ се појави видеоколаж од нивните заеднички слики, па на социјалните мрежи се шпекулира дека блискоста помеѓу Колинда и Макрон не е само радост поради настапот на нивните репрезентации во финалето, туку нешто многу повеќе, дури и љубов. „Како заљубени тинејџери се“, „Сакам да ме гледаш како што Колинда го гледа Емануел“, „Љубов на дождот, како сцена од романтичен филм“, „Ова мора да е љубов“, „Страст на прв поглед“ се само дел од коментарите на „Фејсбук“.
Има и такви на кои видеото не им се бендиса. „Измислувате работи што не постојат“, „Таму беа и нивните сопружници, што мислите дека се случува“, „Досадно ви е, немате приватен живот“, се само дел од нивните коментари.