Малезија на 30 јули ќе го објави долгоочекуваниот извештај за исчезнувањето на авионот на националната авиокомпанија „Малезија ерлајнс“ на летот МH370, изјавил министерот за сообраќај на таа држава, Ентони Локе.
MH370 report to be released July 30.
Read more: https://t.co/lZ7vBOFx2v#TheMalaysianInsight / 🎥: Briana Leong pic.twitter.com/5lGqlVEnBO
— TheMalaysianInsight (@msianinsight) July 20, 2018
Малезија во мај ја отповика потрагата финансирана од приватната американска фирма „Оушн инфинити“, за авионот чие исчезнување со 239 лица на 8 март 2014 година стана една од најголемите авионски мистерии во светот.
Според зборовите на министерот за сообраќај, истражниот тим ќе ги извести семејствата на исчезнатите за содржината на извештајот во Министерството за сообраќај на 30 јули.
‘Full and final’ #MH370 report to be released on July 30: #Malaysia transport minister https://t.co/vTZy7JqWnl pic.twitter.com/E1DmHyban4
— ST Foreign Desk (@STForeignDesk) July 20, 2018
„Секој збор што истражниот тим го забележал ќе биде изнесен во овој извештај… Ќе се посветиме на транспарентноста на овој извештај. Ќе биде во целост претставен, без никаква доработка, додавка или исправка“, вели Локе и додал дека извештајот ќе биде поставен на интернет.
„Целата меѓународна заедница ќе има пристап до овој извештај“, нагласил Локе.
Malaysia to release report on missing flight MH370 on July 30 https://t.co/YPXE1bTj7K pic.twitter.com/1gcjVXoHgO
— Reuters Top News (@Reuters) July 20, 2018
Дебатите за тоа што се случило со авионот не се бришат, а групата „Војс 370“, која ги претставува семејствата на исчезнатите патници, претходно ја повика владата на Малезија повторно да го истражи летот вклучувајќи каква било можност за фалсификување или елиминација на податоците кои се во врска со летот МH370 и неговото одржување.
Malaysia to release report on missing flight MH370 on July 30 – https://t.co/EzgxmJT5sH pic.twitter.com/Hx0FPHzBIM
— A Book To Read (@koreabooktoread) July 20, 2018
„Оушн инфинити“ по три месеци, на 29 мај, ја отповикала истрагата во која биле пребарани 112 000 квадратни километри, но без значителни резултати. Тоа била втора голема потрага. Во истата Австралија, Кина и Малезија извршиле пребарување на 120 000 квадратни километри на Индискиот Океан, операција која чинела 147 милиони долари, но завршила безуспешно.
‘Full and final’ #MH370 report to be released on July 30: #Malaysia transport minister https://t.co/vTZy7JqWnl pic.twitter.com/E1DmHyban4
— ST Foreign Desk (@STForeignDesk) July 20, 2018
Премиерот на Малезија, Махатхир Мохамад, изјавил дека државата ќе можеби повторно че ја отвори истрагата ако се појават нови траги.