Откако Јелена Карлеуша се огласи на темата пејачката кариера на Кристина Коцкар Кија и нејзиниот нов спот „Не се враќам на старо“, не и остана должна ни победничката во шоуто „Задруга“.
Се почна со коментарот на Карлеуша:
„Знаете што, ако во Србија Кија (?!) со вакво пеење, изглед и харизма е прва во трендинг, сериозно размислувам да вложам пари во мојата дадилка и гардероберка. Би растурила! Не се шегувам“, напишала Карлеуша.
„Во право си Јецо. Би требала да го направиш тоа. И јас на 17 години работев како гардероберка во клуб. Јас не се шегувам. А погледни ме сега“, и порачала Кија.
„Вратата од мојот гардеробер секогаш ќе ти биде отворена“, и одговорила повторно Карлеуша.