Албино кенгурот во Зоолошката во Скопје е стар седум месеци

Во Зоолошката во Скопје пред речиси седум месеци се роди албино кенгур, но тој дури денес првпат излезе од торбата на мајка си, рече за „Репортер“ Тина Мицковска од скопската Зоолошка.

„Малиот кенгур е мажјак и се вика Арчибалд. Роден е пред седум месеци, но сега првпат излезе од торбата на мајката. Мажјаците и до 25 месеци живеат во торбите на своите мајки, се враќаат да цицаат и излегуваат“, рече Мицковска.

Таа додаде дека Арчибалд не е првиот албино кенгур кај нас, туку дека тука живее и кенгурката Пикси.

„Албино кенгурите се многу ретки, а ние сме среќни што имаме дури два“, додаде таа.

(А.Ј)

Scroll to Top