„Тоблероне“ ги враќа стариот облик и тежината

„Тоблероне“ се враќа на својот традиционален облик кога одлуката да се зголеми јазот меѓу триаголниците и подигнатата цена предизвика бес кај обожавателите на овој вкусен производ. Чоколадото во 2016 година од почетните 170 грама е намалено на 150.

На потрошувачите не им се допаднал новиот облик на чоколадото, кој го споредувале со држач каде што се заклучуваат велосипедите.

Компанијата „Моделез“ исто така одлучила да го врати стариот облик и да додаде 3 отсто повеќе чоколадо. Но, велат дека во тој случај и цената би била повисока, пишува „Гардијан“.

Извор близок до компанијата открива дека препорачаната цена на новото чоколадо би изнесувала околу 3,09 фунти, но супермаркетите на акции би можеле да ја продаваат за две или 2,5 фунти. Како што вели изворот, тоа би предизвикало ценовен удар за потрошувачите.

Во времето на промената на обликот на чоколадото во 2016 година претседателот Моделез Глен Катон изјави дека веќе размислува за краткорочно решение поради тоа што стариот облик стана препознатлив.

„Ние редовно ја разгледуваме својата понуда за да бидеме сигурни дека го нудиме најквалитетното швајцарско чоколадо во формат што нашите купувачи го сакаат. „Тоблероне“ од 150 грама повеќе не се произведува и неговата достапност сега зависи од резервите што продавниците ги имаат. Чоколадите од 100 и 260 грама и понатаму ќе бидат достапни“, изјавил Моделез.

Во Хрватска ваквото чоколадо никогаш не се продавало со новиот облик затоа што чоколадото од 170, односно подоцна од 150 грама, и никогаш не стигнало на рафтовите во продавниците.

 

 

 

Scroll to Top