Бред Пит и Леонардо ди Каприо се вратија во шеесеттите

Леонардо ди Каприо и Бред Пит одлично се забавуваат на сетот на снимањето на филмот „Беше еднаш во Холивуд“, проект на Квентин Тарантино.

Папараците ги сликале двајцата за време на пауза на снимањето. Фановите биле воодушевени од нивниот изглед. Бред и Лео искористиле неколку минути од одморот да прошетаат. Секој на своја страна. Интересно е што со својата  ретро гардероба го привлекле вниманието на тамошните жители.

Во куси фармерки и јакна со иста нијанса, со авијатичарски очила за сонце и фризура од седумдесеттите години, Бред се шетал низ улиците на Лос Анџелес, каде што се снимал филмот. Актерот предизвикал големо внимание и ги привлекол погледите на минувачите. На почетокот не го препознале.

Слична ситуација била и со Ди Каприо. Во сиви панталони и кафеава кожена јакна, со хипи очила за сонце и голем прстен на раката, Лео се шетал, пиел кафе и ги поздравувал минувачите.

Кога продолжило снимањето, актерите, како вистински професионалци, веднаш се вратиле пред камерите и седнале во автомобилите каде се снимала наредната сцена.

First look. #OnceUponATimeInHollywood

A post shared by Leonardo DiCaprio (@leonardodicaprio) on

Дејството на филмот се случува на крајот на шеесеттите години. Ди Каприо го игра Рик Далтон, телевизискиот актер кој не успеал да се пробие на филмското платно, а неговата колешка Марго Роби ја глуми Шерон Стоун. Неа во деветтиот месец од бременоста брутално ја убиваат, поточно со нож ја прободуваат членовите на сектата Чарлс Менсон. Бред е долгогодишен дублер на Рик, а двајцата се борат да опстанат во Холивуд.

 

 

Scroll to Top