Дарко Лазиќ и неговиот возач Милјан Врачивиќ во средата вечерта се спасиле од засега непознати напаѓачи. Во нападот пејачот бил двапати застрелан со пиштол.
„Влегоа во дворот за да се спасат“, вели Дуле Џорџевиќ, кој го ангажирал фолкерот да пее на 18. роденден на неговиот внук.
Дуле тврди дека мотивот за нападот на пејачот во Ниш бил неисполнет договор да пее на свадба. Дарко Лазиќ зел пари, но не се појавил.
По инцидентот, Лазиќ и неговиот шофер заминале на лекарски прегледи. Потоа Лазиќ заминал во семејниот дом.
Пред неговата семејна куќа биле паркирани голем број автомобили.
„Многу се вознемирив. Дарко е уморен и сака мир. Тој е добар, но сепак не сака премногу да зборува. Кога ќе се смири ситуацијата, ќе ве контактира“, изјавила неговата мајка Бранка.
„Што се однесува до нас, семејството, ние сме добро. Во моментов се трудиме да не размислуваме за лошите работи и веруваме дека сè ова ќе мине. Ве молам да ја разберете ситуацијата во која се наоѓаме. Не би можела повеќе ништо да ви соопштам“, изјавила Бранка Лазиќ.