Меланија му се инати на Трамп

Американската прва дама, Меланија Трамп, со своите изјави, модните избори па дури и изненадниот молк, дискретно, но, плански се дистанцира од политиките на својот сопруг Доналд Трамп.

Меланија внимава да не го критикува директно, но јасно става до знаење дека не се согласува со неговите потези.

Меланија на Твитер објави дека е разочарана со политиката на присилни раздвојувања на семејствата на мигрантите на границата, која ја спроведува администрацијата на Трамп, а потоа ги посети раселените деца, што е чекор каков што претседателот не превзема, пренесува АП.

Во моментите кога сопругот повторно се најде под лупата поради наводната афера со порно актерката Сторми Даниелс, таа „исчезна“ од јавноста.

А кога станува збор за медиумите, која е постојано горчлива тема во САД па и пошироко, првата дама на Америка, со посредство на својата портпаролка, порачала дека ќе гледа телевизиски канали кои ѝ се по мерак, па дури и кабловска телевизија, која често е на дното на медиумското скалило на Трамп.

Најновиот пример на ваквото дистанцирање на Меланија е нејзиниот одговор на критиките на Трамп упатени до суперѕвездата на НБА Леброн Џејмс, чија интелегенција претседателот на САД јавно ја исема, реагирајќи на неговото интервју за Си-ен-ен. И овој пат Меланија преку својата портпаролка, Стефани Гришам, брзо на новинарите им соопшти дека Леброн Џејмс изгледа работи во корист на идните генерации и дека првата дама е расположена да го посети неговото школо за деца под ризик.

Оваа изјава очигледно има за цел Меланија да се дистанцира од Доналд Трамп, а сепак да не го критикува претседателот. Таа дури не му го споменува ниту името, констатира АП.

Меланија Трамп, која цели 24 часа не се појавила во јавност, по операцијата на бубрегот во мај, исто така ги избегна некои од традиционалните должности, кои ги има првата дама. Кога во зенитот на јавноста беше наводната врска меѓу сопругот и порно актерката Сторми Даниелс, таа не се појави со него во Давос. Тогаш нејзиниот кабинет одби да образложи зошто не се појавила, што инаку не е вообичаена пракса. Набљудувачите можеле да извлечат сопствени заклучоци.

Иако постапките на Меланија не се вообичаен гласен пркос, сепак го покажуваат нејзиниот став и го привлекуваат вниманието. Некои во неа гледаат скриен симбол на отпор.

За други пак споменатиот потег на Мелани не предизвикува никакво значење, а ни влијание на нејзината длабока поврзаност со претседателот и неговиот прилично непопуларна политика, заклучува американската агенција.

 

 

Scroll to Top