Рада Манојловиќ оди на лекување во Швајцарија

Српската фолк-пејачка Рада Манојловиќ ќе замине на лекување во Швајцарија. Таа со години има болки во половината поради прешлените што ѝ нагмечуваат нерв. Лекарите во Швајцарија ќе решат дали таа ќе биде оперирана или ќе ѝ дадат инјекции.

Според српските медиуми, Рада во последно време има проблеми и со одењето, а операцијата ја одложува одамна. По консултации со лекари од Србија, таа закажала преглед во приватна болница во Швајцарија.

„Радмила одамна оди на физикална терапија. Тоа ѝ помага, но не е долготрајно решение. Во последно време се случува по настап да мора да оди на инјекции, блокади и масажи за да ја намали болката“, рекол за „Курир“ извор близок на пејачката.

Scroll to Top