Бајага: Шмеќерски и колегијално од „Ладно пиво“

Иако Момчило Бајага цело време е воздржан околу откажаниот негов настап на Денот на пивото во Карловац, сепак за српските медиуми, кратко ја прокоментира одлуката на колегите од „Ладно пиво“ да одбијат да бидат негова замена.

„Момците од „Ладно пиво“ се супер. Секоја чест. Да беше обратна ситуацијата и ние би постапиле исто. Шмеќеркси и колегијално“, изјавил Бајага, но сепак одби да даде коментар за фактот што оваа година тој и неговиот тим не се добредојдени во Карловац.

„Ладно пиво“, организаторите на Денот на пивото ги одбија во свој стил, нагласувајќи дека не сакаат да бидат ничија замена.  Додадоа дека пијат пиво на локација Северна Кореја.

Менаџерот на Бајага Гане Пецикоза се огласи со изјава дека Бајага не ни имал закажан настап за Денот на пивото, иако на службената страница на пејачот се рекламирал тој настап.

 

Scroll to Top