Ведран Чорлука (32) се прости од репрезентативниот дрес, а неговата сопруга, пејачката Франка Бателиќ (26) на својот профил на Инстаграм објави фотографија со момент од неговата кариера.
„Време е за нови победи, нови авантури, нови предизвици, битки кои ти суверено, одлучно и цврсто ќе ги водиш и ќе победиш како што само ти знаеш“, напишала Франка.
„Но, како што и самиот ти рече, овој дрес е нешто посебно и таа петка засекогаш ќе ја носиш во срцето. Те сакаме Чарли, горди сме на тебе“, завршила Франка.