(Фото) Колинда со штиклите од Македонија на медали во Плоче

Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ на доделувањето на медалите на маратонците во Плоче дојде со истите штикли што пред четири месеци ги носеше кога беше во Македонија. Чевлите во сина боја Колинда ги комбинирала со црн фустан со бели линии.

Хрватските медиуми пишуваат дека досега ова се најчудните штикли што ги носела претседателката. Колинда често знае да го сврти вниманието на себе со своето необично однесување и избор на облека.

Особено тоа го правеше на Светското првенство во фудбал во Русија кога беше главен забавувач, а Русите се заљубија во неа и поради начинот на кој славеше во ложата, каде што беше заедно со претседателот и со премиерот на Русија, Владимир Путин и Димитриј Медведев.

 

 

 

Scroll to Top