Идрис Елба веќе се гледа како новиот Џејмс Бонд

Британскиот актер Идрис Елба, по шпекулациите во јавноста дека ќе го глуми новиот Џејмс Бонд, објави пост на својот твитер-профил претставувајќи се на идентичен начин како тајниот британскиот агент 007, но со своето вистинско име.

„Моето име е Елба. Идрис Елба“, напишал актерот, а многумина овој негов пост го толкуваат како потврда за новата улога на тајниот британски агент 007.

Елба твитот го објави неколку недели откако продуцентот на франшизата за Бонд, Барбара Броколи, потврдила дека вратата е отворена и за актерите што не се бели.

Британски „Дејли стар“ пишува дека режисерот Антоан Фукво имал нови разговори со продуцентите. Тој вели дека дошло време новиот Џејмс Бонд да не биде белец.

„Идрис би можел да се снајде во улогата на Џејмс Бонд. Ни треба тип кој е физички силен. Идрис е идеален“, изјавил тој.

 

Scroll to Top