Актерот Џони Деп никогаш не изгледал помизерно и полошо во животот. Поради тоа, многумина ја обвинуваат неговата поранешна сопруга Амбер Херд. Пријатели и поранешни девојки на Деп тврдат дека Амбер пред да влезе во врска со Џони, имала план да му ги украде парите и славата.
Денес, Џони изгледа како исцрпен 55-годишен маж, кој повеќе нема волја за живот.
Деп и Амбер почнаа да излегуваат во 2011 година кога се запознаа на сетот на филмот The Rum Diary. Венчавката се одржа во 2015 година. По 15 месеци, јавноста дозна дека на нивната врска ѝ се ближи крајот.
Амбер го обвини Деп за психичко и физичко малтретирање. Таа тврдеше дека сопругот има големи проблеми со алкохолот. Го обвини ѝ дека ја малтретирал од самиот почеток на врската. Ги снимила модринките на лицето за кои тврди дека ѝ ги нанел Деп.
Пријателите и обожавателите застанаа во одбрана на Деп тврдејќи дека Амбер го планирала ваквото сценарио за да стигне до неговите слава и пари.
Во одбрана на Деп застанаа и поранешните партнерки Ванеса Паради, со која има син и ќерка, а и Виона Рајдер, со која беше кратко во врска, која исто така го одбрани велејќи дека тој не е таков. Набргу по нивниот развод, Амбер почна да излегува со милијардерот Илон Маск, кој јавно призна дека му го скршила срцето кога го оставила.
Од неодамна Амбер е во врска со богатиот трговец на уметнички дела Вито Шнабел, кој е познат и како поранешен партнер на германскиот топ-модел Хајди Клум.
Џони, пак, е посветен на концертите со бендот Hollywood Vampires, кој е основан во 2015 година.