Хали Бери со тело на 20-годишна девојка

Актерката Хали Бери вчера наполни 52 години, но поради нејзината вита линија, медиумите пишуваат дека изгледа како 20-годишна девојка. Таа за своите обожавателите сподели фотографии во костим за капење и проѕирна маичка.

Актерката по авантурата со британскиот музички продуцент Алекс да Кид, бргу му се врати на здравиот начин на живеење. За разлика од големиот број нејзини колешки и пријателки, Хали Бери не е типична 52-годишна жена. Таа ништо не остава на случајноста. Внимава на исхраната и се занимава со фитнес. Своите рецепти ги објавува на социјалните мрежи за да ги поттикне и другите здраво да се хранат.

Бери мотивацијата ја пронаоѓа кај своите деца и гледањето фотографии од луѓе што се во врвна форма.

„Вежбам поради своите деца Нала (10) и Масео (4). Сакам да бидам пример за нив и да им покажам дека и тие треба да водат здрав начин на живеење“, вели Бери.

Актерката додаде дека вежба петпати неделно, а има и пертнер со кого работи. Питер Ли Томас вежба со неа повеќе од две години, а за магазинот „Пипл“ изјавил дека актерката има дисциплина и сила како 20-годишна девојка.

 

 

Scroll to Top