Ники Минаж го посрамоти американскиот шоумен Стивен Колберт

Американската пејачка Ники Минаж го засрами водителот Стивен Колберт во неговото популарно американско шоу додека го промовираше нејзиниот нов албум Queen.

Минај со рапување му порача на водителот дека по сексот со неа, тој во емисијата ќе се врати во полн сјај. Колберт посрамен си го скри  лицето по што предизвика смеење во публиката.

Во нејзината нова песна Barbie Dreams пејачката ги споменува имињата на познати американски рапери. Меѓу нив се најдоа Дрејк, Фифти Сент, Еминем, диџеј Калед и нејзин поранешен дечко, Мик Мил.

На прашањето на водителот со кого од нив Минаж не е во најдобри односи, пејачката одговори дека постои само еден. Но, не сакаше да открие за кого станува збор.

Албумот на Ники во САД почна да се продава од минатиот петок, а песната Barbie Dreams на американската раперка се најде прва на музичките листи во 62 земји.

Scroll to Top