Меган Маркл ја одлага бременоста

Меган Маркл и нејзиниот сопруг, принцот Хари, наводно сè уште не сакаат деца, пишуваат британските медиуми.

Во јавноста на големо се зборува за причините зошто Меган сè уште не е бремена. Многумина се сомневаат дека Меган и Хари ја одлагаат бременоста поради игрите „Инвиктус“ во Сиднеј, каде што треба да отпатуваат.

Освен Австралија, двојката заедно сака да посети повеќе места, како Фиџи, Кралството Тонго и Нов Зеланд.

Според пишувањата на „Експрес“, Меган не сака сите овие патувања да ги мине бремена. Во интервју за Би-би-си, кралската двојка даваше куси одговори на прашањата кога планираат да станат родители.

„Во моментот не работиме на проширување на семејството. Се надеваме дека во иднина и тоа ќе се случи“, кусо одговори принцот Хари.

Светските таблоиди пишуваат дека кога Меган Маркл ќе забремени, мајка ѝ Дорија Рагланд со сигурност ќе се пресели во Британија за да биде поблиску до својата ќерка.

Scroll to Top