Хрватот Шиме Врсаљко откако стигна во Италија стана еден од најпопуларните фудбалери, особено меѓу девојките. По постигнатиот договор со фудбалскиот клуб Интер, порасна бројот на обожавателки за Врсаљко на Апенинскиот Полуостров.
На „Инстаграм“ Шиме објави фотографија со момче, чиј идентитет засега не е познат, а голем број дами под фотографијата напишаа дека би сакале да бидат на неговото место.
„Сакам да бидат твоја мала пријателка. Прекрасен си. Најсладок од сите. Зошто си така совршен?“, се само некои од коментарите на обожавателките под фотографијата на „Инстаграм“.
Шиме во моментов е среќно оженет со неговата љубов од средно школо Матеа.