Голите слики се срам за нашето дете, вели поранешниот на Северина

Поранешниот партнер на Северина,  Милан Поповиќ се огласи по обвинувањата дека тој стои зад објавените голи фотографии на пејачката.

„Северина имала различни партнери во минатото со кои има нерасчистени односи. Не знам на кого точно мисли господин Петровиќ кога изјави дека ова е одмазда од поранешниот партнер? За какви наводно изгубени спорови станува збор? Против Петровиќ веќе се водат две казнени дела за клевета. Едно од нив е за тоа дека наводно сум изгубил судски спорови што ги водам против Северина. Фотографиите што се објавени веројатно се од истата серија фотографии кои настанале во 2014 година, кога јас и Северина бевме во борба за старателството над нашиот син. Имавме целосен прекин на комуникацијата и јас не можев да ги имам овие фотографии. Се сметам себеси за одговорен родител и јас сум последниот кој би ги пласирал овие фотографии на кои е мајката на мојот син во компромитирачки пози“, вели Милан Поповиќ, со кого Северина го има синот Александар.

Тој понатаму во изјавта вели : „Јас сум сигурен дека ова дополнително ќе го посрамоти и вознемири нашиот син Александар во школо. Оваа ситуација ја сметам за исклучително неодговорно и непромислено однесување на мајката. Ова ѝ се случува веќе вторпат на Северина. Не знам дали таа ги има пласирано за да си ја врати некогашната популарност или тоа го има направено некој друг, но загрижен сум дека ова ќе нанесе голема штета и срам на мојот син кога еден ден некој иститите овие фотографии ќе му ги покаже“, изјавил српскиот бизнисмен Поповиќ.

 

 

Scroll to Top