Хрватската пејачка Јелена Розга вчера својот 41. роденден го прослави во кругот на своето семејство и пријатели. До 2015 година Розга имаше обичај својот најсреќен ден во годината да го слави заедно со своето момче Стјепан Хаусер и публиката за време на нејзините концерти.
Розга сега вели дека нема закажан концерт на денот на нејзиниот роденден, а со своето момче, виолинистот од групата 2Cellos, Стјепан Хаусер, раскинаа во септември минатата година.
Розга вели дека нејзиниот одмор ќе трае кратко. Таа веќе се подготвува за нови концерти. В сабота и во вторник има закажани концерти во Македонија, а в среда ќе патува за островот Вир. Потоа ќе ја посети и Словенија, а на Денот на пивото ќе пее во Карловац.
„Животот ме научи дека без љубов, искреност и музика нема смисла да се живее. Животот го прават убавите моменти, некои траат секунди, а некои цела вечност“, напиша Розга на социјалните мрежи.
Пејачката од Сплит е скромна па вели дека не очекувала луксузни подароци од своите најблиски пријатели. За роденден само посакувала добро здравје, затоа што без него нема ништо добро и корисно во животот.
Со музичката кариера Розга почна пред 22 години. Во 1996 година се претстави со песната „Аха“, а истата година стана дел од групата „Магазин“ во која беше десет години.