Успешната манекенка Махбуба Мамаџада (23) одлучила да ја продаде својата невиност за минимум 100 000 евра бидејќи, како што вели, „сака нејзината мајка да биде горда на неа“.
– Мојата мајка направи сè за мене, сега јас сум на ред. Сакам да биде горда на мене. Сакам да ѝ купам куќа и да ги платам студиите во странство, пишува списанието „Мирор“.
Таа ја нуди својата невиност преку агенција што се занимава со посредништво меѓу вакви понуди и богати мажи кои се подготвени да го платат тоа. Махбуба има и лекарска потврда дека навистина немала сексуални односи досега.
Убавата девојка објасни дека својата невиност ја продава за најмалку 100 000 евра со цел да ѝ купи на својата мајка куќа, а себеси да си плати факултет во странство, но и да замине на некое патување низ светот.
Махбуба моментно работи во една турска модна агенција, но сака на сите можни начини да му помогне на своето семејство.