Познатата српска новинарка од „Куќа од срце” се бори за живот

Познатата српска новинарка и продуцентка на емисијата „Куќа од срце”, Сандра Денда, денеска доживеа тешка сообраќајна несреќа, во околината на Ковин, Србија.

Таа се наоѓа на интензивна нега и докторите се обидуваат да ја спасат.

Денда патувала во автомобил „опел” со уште една жена, која управувала со возилото, како и со 20-годишно момче, за кое се претпоставува дека е член на семејството за кое „Куќа од срце” градела куќа.

Поради положбата на возилото, на водителката и била приклештена главата и Брзата помош не можела да ја извади.

Нејзината колешка поминала со лесни повреди, а момчето имало среќа и излегло неповредено од целата ситуација.

Scroll to Top