Актерот Бен Афлек, кој веќе со години се бори со зависноста од алкохолот и коцкањето, изјави дека со својата сопруга Џенифер Гарнер заминал на рехабилитација затоа што сака да стане подобар човек. Бен вели дека ова го прави за доброто на своите деца.
Кога Џенифер забележала дека нејзиниот поранешен сопруг има проблем, се погрижила тој да ја добие потребната помош.
„Бен сака да биде подобар човек за своето семејство. Минатата година таа смисли одредени правила низ кои ќе му помогне на Бен во оваа мисија. Таа на некој начин му е ангел чувар. Џенифер е единствената што може да му помогне“, изјавил близок извор на поранешните сопружници за „Дејли мирор“.
Последниот актер што се најде во улогата на Бетмен минатата недела ја прекина врската со продуцентката Линдзи Шокус, која траела повеќе од една година. Причината за прекинот била неговата зависност од алкохолот.
По прекинот со Линдзи, Афлек краткотрајна утеха побара и во плејбој-моделот Шона Секстон.