Дара Бубамара на свадба фрлала со шише вино по гостите

Пејачката Дара Бубамара во емисијата „Гламур специјал“ призна дека го нападнала познатиот српски моден креатор Саша Видиќ на една свадба на нивен заеднички пријател.

Дара сакала да го удри Видиќ со шише вино. За среќа, гостите бргу реагирале и ја спречиле во намерата.

„Тој е наркоман и дебил. Само знае да им се умилкува на познати пејачки, како Цеца Ражнатовиќ. Ќе го удрев со шише вино ако не ме запреа другите гости“, изјавила Бубамара за време на своето гостување во емисијата.

Досега Видиќ не се огласил во јавноста по повод инцидентот.

 

Scroll to Top