Ѕвездата на реалното шоу Ким Кардашијан и раперот Канје Вест веќе бараат сурогат мајка што ќе го роди нивното четврто дете, пишуваат светските медиуми. Иако на почетокот на годината тие станаа родители третпат, кога ја добија ќерката Чикаго, почнале да размислуваат и за четврто дете.
„Мојот дом и моето срце се спремни за уште едно бебе. Четвртото дете би било последно, бидејќи мислам дека не би можела да издржам повеќе од тоа“, рекла Ким во интервју за магазинот „Ел“ пред некој месец.
Откако ги роди првите две деца, ќерката Норт и синот Сент, лекарите на Ким ѝ забранија да остане бремена од здравствени причини. „Ми рекоа дека следната бременост може да биде опасна за мојот живот“, изјави Ким неколку месеци откако се породи вторпат.
Таа и Канје замрзнаа ембриони, па за раѓањето на ќерката Чикаго двојката користеше услуги од сурогат мајка. Истото ќе го направат и со последниот емброн, за кој знаат дека е машки.
Во американските обложувалници веќе постои можност за обложување за тоа како ќе се вика момчето. Велат дека за сега на врвот на листата е името Мајами.