Фолк-пејачката Соња Тарчуловска, заедно со сопругот Јохан, еден од обвинетите за упадот во Собрание на 27 април, беа на гробот на Богородица во Ерусалим. Со бела шамија на главата, фолк-пејачката сподели слика од малата црквичка гроб на Пресвета Богородица во храмот во Гециманија. Под фотографијата таа напиша: „Пресвета Богодродице, спаси нас“.
Фолк-пејачката одамна ја нема на музичката сцена, особено откако се породи со третото дете. Таа едно време беше актуелна по медиумите откако беше објавено дека семејството на Јохан Тарчуловски месечно примало по 5 000 евра од државниот буџет.