Балканската музичка ѕвезда Здравко Чолиќ многу наликува на својот брат. Но, во светот на бизнисот двајцата се во различни светови. Додека Здравко е познат во јавноста по честите гостувања, фотографирања и интервјуа, неговиот брат Драган во Белград е познат по својата ќебапчилница.
Драган пред неколку години наводно го откупил оригиналниот рецепт за правење на сараевски ќебапи, а рецептот му го продал познатиот тамошен ќебапчија Хоџиќ.
Здравко вели дека е многу врзан за својот брат Драган, а љубовта уште во детството им ја врежале нивните родители.
„Моите родители направија се за мојот брат и мене не изведат на вистинскиот пат. Сето најдобро во нив ни го пренесоа на нас“, изјавил Здравко Чолиќ во своето неодамнешно интервју за Stori.
По смртта на нивната мајка, Здравко и Драган уште повеќе се врзале.
„Мојот татко му го купи на Драган првиот грамофон, првата гитара и сето тоа само со една плата. Нашата мајка беше права домаќинка“, се присетува Чола на деновите од младоста.
Иако не сака премногу да се експонира во јавноста, Драган е многу врзан за својот брат и каде и да настапува Чола во Белград, тој се обидува да биде со него и со останатите членови од семејството.