„Ноќ со Пачино“- холивудскиот актер се враќа во театар

Холивудскиот актер Ал Пачино ќе одржи две соло-претстави во Париз следниот месец за да се присети на неговите времиња во театар, кога имал поинтимни средби со публиката.

Во интервју за францускиот весник „Фигаро“, 78-годишниот актер од класиците „Кум“ и „Лице со лузна“ изјави дека долго време сонувал да игра во Париз.

„Ноќ со Пачино“ ќе се одржи на 22 и 23 октомври во Театарот на Париз, на англиски јазик, без превод.

„Низ разговори со публиката, ќе говорам за тоа што ми се случувало во животот“, кажа Пачино, додавајќи дека е голем обожавател на Молиер и Чехов. „Најдобро ја познавам европската литература“, доде тој.

Scroll to Top