(Видео) Македонец во финалето на шоуто за танцување на Џенифер Лопез

Дваесет и двегодишниот Мајкл Дамески, Македонец роден во Сиднеј, ќе танцува во финалето на светски познатото шоу World of Dance, чиј продуцент и член на жирито е Џенифер Лопез. Финалето ќе се одржи следната недела, а наградата за победникот на шоуто е еден милион долари.

„Ја видов целата форма на твоето танцување. Сите движења беа таму, ама нешто недостасуваше. И кога во последната секунда го направи движењето со рацете, со главата, тоа те одведе на врвот. И затоа сите застанаа на нозе да те поздрават кога заврши“, му рече Џенифер по настапот.

Мајкл е роден во Австралија, а неговите родители се по потекло од Прилеп. Тој пред десет години, во 2008 година, пеел на детскиот фестивал „Златно славејче“ со песната „Еден танц“.

Scroll to Top