На 22 септември започнува премиерната емисија на популарното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“. Веќе на големо се зборува за новините во шоуто. И покрај шпекулациите дека Аца Лукас си оди од таму, организаторите велат дека тоа не е точно и дека тој останува во тимот.
На состанокот за новата сезона на шоуто, кој се одржал пред неколку дена, пристигнале сите поранешни членови на жирито, освен Аца Лукас и Драган Стојковиќ Босанац, но тоа не значи дека тој нема да биде во шоуто, тврдат од „Гранд“.
Марија Шерифовиќ останува дел од жирито на музичкото шоу, чии снимања почнуваат денеска, но најави дека оваа сезона побарала од директорот на продукцијата, Саша Поповиќ, да нема повеќе караници помеѓу членовите на жирито и дека и самиот се согласил „Ѕвездите на Гранд“ да се вратат во рамките на музичко шоу во вистинска смисла на зборот. Во свој стил прокоментирала и: „Ако Јелена ја закача Вики, ќе ‘јадеж’ ќотек од мене’“.