Иако до вчера организаторите на „Ѕвездите на Гранд“ тврдеа дека Аца Лукас не си оди од шоуто, сепак, и официјално тој веќе не е дел од друштвото во жирито. На местото на Лукас доаѓа рокенрол-пејачот Ѓорѓе Николиќ, познат по уметничкото име Џорџе Давид.
Ова е одлуката и на Саша Поповиќ, првиот човек на „Гранд“. Со воодушевување веста ја поздрави Јелена Карлеуша, која често влегуваше во конфликт со Аца Лукас.
„Добар фраер, екстремно интелигентен, талентиран, остар на јазик. Всушност, ќе видите, многу брзо стартуваме“, изјавила фолк-пејачката. И додала дека е пресреќна што веќе не е Аца Лукас во шоуто.