Овен
Важно е да се концентрирате на своите приоритетни цели. Дополнителниот ентузијазам и проширена работна иницијатива ќе ви покажат дека сте од голема корист. Не дозволувајте некој да ве обесхрабри со своите песимистички прогнози. Обидете се да ги чувате емоциите подалеку од вашите разговори. Останете смирени и објективни ако не сакате да создадете напнатост.
Бик
Строго оценувате нечие однесување и новонастанатата ситуација на деловен план ја проценувате врз основа на личните мерила и критериуми. Упорно заговарате лични принципи, дури и по цена вашите соработници да имаат поинакво мислење. Се наоѓате во променлива или чувствителна фаза. Ќе загубите некоја драга личност.
Близнаци
Можеби очекувате некаква помош, поддршка, која можеби и ќе ја добиете, но не на онаков начин како што ја очекувате. За поголемите нешта да доживеат реализација мора малку и сами да работите, да вложите напор и да не се надевате дека наградите паѓаат од небо. Вашта финансиска ситуација е хаос поради неправилното трошење на месечните приходи. Во љубовта работите се одлични, барем засега.
Рак
Ќе мислите на бизнис и на тоа како да ги зголемите своите приходи. Во главата ќе ви се вртат многу идеи и повеќето ќе ви изгледаат профитабилни. Но, потребно е барем засега да го намалите ентузијазмот и да оставите работите да „легнат“ пред да го направите првиот чекор. Вечерта не дозволувајте се уште да бидете опседнати со работа. Пријателите чекаат на вас и на вашите шеги и досетки.
Лав
Можеби денот и нема да ви биде кој знае каков во смисла на расположение и чувства, но затоа пак ќе ви биде доста добро насочен во смисла на финансии и пари, било да добиете или примите нешто, било да заработите, што секако зависи од вашиот работен статус и секако од вашите позиции и успеси на финансиските полиња.
Девица
Вашиот финансиски успех во последно време може да ви изгледа премногу одличен за да биде вистинит. Ќе добиете поттик за уште еден чекор напред. Бидете задоволни со самите себе. Ако се чувствувате несигурни немојте да се плашите. Тоа е само моментална фаза. Овој период е одличен за инвестирање на пари.
Вага
Различните финансиски планови што сте ги започнале изгледаат комплицирано. Добро се снаоѓате во ситуација кога треба да донесе важна одлука. Повремено имате лоша процена и очекување за расплетот на случувањата во љубовниот живот. Премногу се концентрирате на иднината, иако би требало да уживате во малите моменти од сегашноста.
Скорпија
Ќе бидете среќни и расположени. Но, исто така може лесно да избувнувате, па избегнувајте ги луѓето кои лесно можат да ве извадат од такт. Не зборувајте рамнодушно за нешто за кое сте возбудени. Прикривањето на вистинската возбуда може да придонесе да оставите погрешен впечаток дека сте незаинтересирани за нешто што вие многу го сакате и ви значи.
Стрелец
Заинтересирани сте за многу нешта, но сепак, не ќе можете се одеднаш да реализирате. Овој ден ви носи некои новости. Пред се на професионален план ќе ви пристигнат понуди за кои сте одамна заинтересирани, но не можете да прифатете дополнителна работа на која нема да можете професионално да одговорите.
Јарец
Ќе се појават некои настани од минатото но не грижете се истите само ќе ве поттурнат да одите што побрзо погоре. Ќе имате можност за заработка на дополнителен профит затоа ангажирајте се максимално. Вашите пријатели ќе побараат совет од вас, а вие тоа безусловно ќе го направите. Внимавајте, некоја Вага не е целосно искрена со вас.
Водолија
Денес имате многу можности, а најважна е онаа што ќе можете да придобивате луѓе за некаков свој проект, настојување или идеја. Втората работа е што можете да бидете исклучително успешни на полето на парите и финансиите и ова се однесува како на деловен така и на приватен план. Вашиот социјален живот е одличен, но внимавајте на здравјето.
Риби
Потребно е да оставите сериозен впечаток на својата околина. Бидете дисциплинирани со цел да ги задоволите различните критериуми или вкусови. Љубовта секогаш делува инспиративно, доколку умеете да ја препознаете нејзината трага. Побарајте нечиј совет. Располагате со погрешни информации, а вашите прогнози звучат неубедливо.