(Видео) Малку секс, малку смеење во македонската еротска комедија „Мејкинг оф“

Македонската еротска комедија „Мејкинг оф“ доби награда за најдобра режија „Златна роза“ во Бугарија.

Наградата „Златна роза“ режисерот Кузма Кузмановски за македонскиот филм „Мејкинг оф“ ја освои на шестото издание на Меѓународниот филмски фестивал „Славјанска приказна“ што се одржа во Софија.

Филмот беше прикажан на 8 септември, во рамките на фестивалот, којшто траеше од 7 до 10 овој месец.

„Мејкинг оф“ е интригантна приказна за една девојка со тешка судбина и тројца млади луѓе кои се решаваат заедно да тргнат на патешествие – да снимат филм. Сместен е во жанрот еротска комедија, а во него играат Александар Микиќ, Александра Павлова, Владо Дојчиновски, Ванчо Петрушевски, Хана Менсон.

Премиерата на „Мејкинг Оф“ беше минатата недела во „Синеплекс“.

Scroll to Top