Летово 55-годишниот дизајнер Стефано Габана, еден од основачите на реномираната модна марка “Долче и Габана“ сериозно ја навреди пејачката Селена Гомез, велејќи и дека е “многу грда“. Зборовите на дизајнерот предизвикаа голема јавна осуда и може да предизвикаат тешкотии со брендот. Многумина дизајнери, модели и познати личности застанаа на страната на Селена. 26-годишната пејачка и модел не коментираше и избра како на перфиден начин да му врати на Стефано Габана. Во моментот се одржува Њујоршката модна недела. Вчера се одржа трејд брендинг шоу, во соработка со Селена. Пејачката излезе на подиумот за да ја претстави линијата Селена Гомез. Меѓутоа, она што го привлече вниманието беше косата на Селена, на која имаше шнола на која пишуваше “Грда”.
„Таа уште еднаш покажа дека има смисла за хумор, а со ова му удри добар шамар на Стефано Габана“, пишуваат светските медиумите.