Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, веслаше по Охридското Езеро во друштво со Михаел Рот, државен министер за Европа на германското Министерство за надворешни работи. Рот денес е во работна посета на Македонија во Охрид, каде по официјалната средба, заедно со шефот на дипломатијата решија да се релаксираат во Охридското Езеро. Димитров за веслањето се пофали и на „Фејсбук“.