Глумицата Дакота Џонсон и пејачот Крис Мартин од „Колдплеј“ ставија исти тетоважи, знакот за бесконечност. Со ова тие официјално потврдија дека се во врска, пишуваат американските медиуми. Фотографите ја сликаа новата тетоважа на Филмскиот фестивал во Венеција, а неколку дена подоцна го сликаа и пејачот во Лос Анџелес со новата тетоважа.
Дакота, ќерката на Мелани Грифит и Дон Џонсон, се прослави со улогата на Ана Стил во филмот „50 нијанси сиво“. Таа имаше долга врска што ја раскина пред околу една година. Крис, пак, беше оженет со глумицата Гвинет Палтроу, со која има две деца. По разводот, во јавноста не се појавуваше со други жени, сè додека папараците не го сликаа со Дакота во Будимпешта на почетокот на годината.