Џастин Бибер стана уличен свирач на гитара. Пејачот својот меден месец со својата сопруга, манекенката Хајли Бoлдвин, го минува во Лондон.
Пејачот седна на една од улиците покрај Бакингамската палата и почна да ги свири своите стари хитови.
Џастин приреди вистинска претстава, а случајните минувачи со многу емоции го следеа неговото пеење и свирење. Како награда пејачот доби за подарок бројни цртежи.