Актерот Мики Рурк е непрепознатлив за голем број фанови по безбројните операции што ги има направено на своето лице.
Во осумдесеттите години Рурк важеше за миленик кај жените во светот, но денеска воопшто не личи на некогашниот секс-симбол.
Првата интервенција Рурк ја направи по повредата на боксерски меч. По операцијата на носот, актерот направи куп операции по кои сега изгледа непрепознатливо и предизвикува згрозување кај фановите.
Повеќето операции ги направив за да го поправам лицето и да ги покријам лузните. Но, само еднаш посетив погрешен доктор.
Петпати го оперирав носот, а морав да ја оперирам и јаболчната коска на лицето, која ми беше скршена. Мораа да ми земат дел од ‘рскавицата на увото за да ми го средат носот. Поради тоа што не зарасна добро, морав на нова операција“, раскажа Рурк за британски „Експрес“.
Експертите проценуваат дека актерот направил и фејслифтинг, операција на долните и горните трепки, вградил филтери, интервенирал и на образите и брадата.