Кери Џоџи Фукунага доаѓа на местото на Дени Бојл и тој ќе го режира најновиот „Џејмс Бонд“. Режисерот Бојл, минатиот месец се откажа да го режира филмот поради „разлики во креативноста на тимот“. Продуцентите Мајкл Г. Вилсон и Барбара Броколи не штедеа на пофални зборови кога говореа за Фукунага, додавајќи дека режисерот е полн со идеи богати со разноликост и иновативност.
Неговиот последен проект „Манијак“ е мрачна комедија, а главните улоги ги толкуваат Ема Стоун и Џона Хил.
Фукунага исто така стои и зад третата сезона на „Вистински детектив“. Крими-драмата доби успешни критики, а Фукунага во 2014 доби награда „Еми“.
Покрај овие серии, Фукунага се јавува како режисер на филмот „Ѕверки без нација“, со Идрис Елба во главната улога.