Турскиот милионер Садетин Саран, кој ужива во моментите минати со пејачката Емина Јаховиќ, ги збуни фановите по објавената заедничка фотографија.
Емина го бакнува Садетин во образот, а тој во коментарот на споделената фотографија напишал дека му недостига ќерката.
„Мојата ќерка, толку ми недостига“, напишал Саран.
Збунетата јавност на почетокот мислела дека всушност станува збор за ќерка му, но турските медиумите ја забележаа бенката на вратот на девојката. Иста таква има и Емина, што само по себе е потврда дека станува збор за пејачката.
Двојката се забавува повеќе од еден месец, но досега ваквите наводи ги нема ниту потврдено ниту демантирано.